• Detoksal
  • Herpesan
  • Vioplex
  • Ostepor
  • Be Safe
  • Gyneks forte
  • gynex cream
  • gamalon
  • Okomaks
  • Silamarin
  • Cistofit Forte
  • Fitalp
  • Sirupi

ПРОПОЛИС линија на производи

ОД РИЗНИЦАТА НА ПЧЕЛИНАТА КОШНИЦА ДО ПОДОБРО ЗДРАВЈЕ НА ПРИРОДЕН НАЧИН

ПРОПОЛИС  

линија на производи од ФИТОФАРМ ПОТПОЛНО ПРИРОДНИ, БЕЗ АРОМИ И БОИ

 

Прополисот e природна смолеста супстанција што пчелите ја собираат заедно со нектар и полен, а потоа ја преработуваат користејќи го секретот од своите жлезди при што формираат околу 60 до 70 различни супстанции, повеќето од нив особено полезни за човековото здравје. Во пчелината кошница прополисот служи како главно заштитно средство од надворешни инфекциски влијанија при нејзината изградба. По својот хемиски состав прополисот е комплексна смеса на биофлавоноиди, полен, растителни смоли, етерични масла, аминокиселини (со нутритивен и физиолошки ефект), витамини, минерали. Главни активни компоненти на прополисот се биофлавоноидите (галангин, пиноцембрин, хризин, кверцетин, нарингенин и апигенин), кои имаат заштитна улога од надворешни инфекциски влијанија.  Фитофарм врз основа на своето искуство и знаење формулираше линија на производи со прополис кои имаат различна намена.

Својства:

Прополисот е потполно природен пчелин производ кој помага за одржување на нормалната физиолошка функција на организмот, особено на имунитетот. Најважно е што тој не е токсичен и не ја нарушува цревната флора. Прополисот е одамна познат и ценет како природно сретство за нега и заштита на устата, слузницата на усната шуплина и дишните патишта.


ПРОПОЛИС КАПКИ 5%

ПРОПОЛИС КАПКИ 5%


ПРОПОЛИС
капки за деца

5% екстракт на прополис
во безалкохолен раствор
 

Состав:


5%-тен пропилен гликолски екстракт на прополис.
Останати состојки: прочистена вода, калиум сорбат.

Нутритивни вредности

15 ml

Протеини

0,006 g

Јагленохидрати

20.505 g

Масти

0, 006 g

Енергетска вредност

82,1 kcal/

343,51 kJ

 

Употреба:


ПРОПОЛИС капките за деца како 5% екстракт на прополис во безалкохолен раствор се препорачуваат:

  • за секојдневна употреба кај деца со ослабен имунитет;
  • како помош при заштита на дишните патишта;
  • за одржување на функцијата на  имунолошкиот систем.

 

Начин на употреба:


Се ставаат 20 капки на коцка шеќер или лажичка мед, 3 пати на ден и постепено се растопува во уста. Кај деца до 7 годишна возраст се користат 10 капки на коцка шеќер или лажичка мед, 3 пати на ден. За нега на непцата, се премачкува со ватирано стапче натопено во растворот од ПРОПОЛИС капките за деца, 3 пати на ден.

Предупредување:

Да не се надминува препорачаната дневна доза.
ПРОПОЛИС капките не треба да ги употребуваат лица кои се алергични на прополис или на некоја од состојките што влегуваат во составот на овие производи. ПРОПОЛИС капките кои содржат етанол не треба да ги употребуваат деца, бремени жени и доилки.

Напомена:

Додатокот во исхрана не треба да се користи како замена на разновидна исхрана.

Чување:

На температура до 250С, заштитено од светлина. Да се чува на места недостапни за деца!

Пакување:

15 ml капки во стаклено шишенце со капалка / картонска кутија.

 

Карта / Worldwide


  • http://fitofarm.com.mk/img/ugg168.asp