• Detoksal
  • Herpesan
  • Vioplex
  • Ostepor
  • Be Safe
  • Gyneks forte
  • gynex cream
  • gamalon
  • Okomaks
  • Silamarin
  • Cistofit Forte
  • Fitalp
  • Sirupi

Be safe® - hCG – тест за утврдување на рана бременост

Be safe<sup>®</sup>  - hCG – тест за утврдување на рана бременост

Be safe®hCG тестот за утврдување бременост е брз тест, едноставен за да го изведете и сами, во домашни услови. Со овој тест се утврдува присуството на хуманиот хорион гонадотропин (hCG), хормон кој се излачува во урината, многу рано на самиот почетокот од бременоста.
Овој тест е наменет исклучиво за in vitro самодијагностицирање.

ПРИНЦИП НА ОДРЕДУВАЊЕ

Хуманиот хорион гонадотропин (hCG) е хормон што го создава планцентата во развој, кратко време после зачнувањето, а кој се излачува во урината. Be safe® тестот за откривање на рана бременост содржи антитела кои специфично реагираат токму со овој хормон.

Кога лентата (тестот) ќе се потопи во примерокот урина, течноста по капиларен пат мигрира по должина на мембраната. Кога hCG од примерокот урина ќе стигне до тест-зоната на мембраната, се појавува обоена црта. Отсуството на ваква обоена црта, значи дека резултатот од тестот е негативен. За потврда дека тестот е правилно изведен, се појавува уште една обоена црта во контролната зона, која служи како контрола.

СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО

  • Еден тест за утврдување на бременост, спакуван во специјална заштитна фолија во која е додаден десикант. Десикантот служи само за одржување на влажноста во текот на чувањето и не се користи во самата постапка за изведување на тестот.
  • 1 пластична чашка за тестирање на примерокот урина
  • внатрешно упатство за употреба

ЗЕМАЊЕ НА ПРИМЕРОК ЗА ИСПИТУВАЊЕ

Не е важно во кој период од денот ќе се земе примерок од урината за да се изведе тестот за бременост. Сепак, првата утринска урина содржи највиско ниво на hCG.
Примерокот урина треба да се стави во пластичната чашка за тестирање.

ОГРАНИЧУВАЊА - фактори кои можат да влијаат на резултатот :

  • Употребата на лекови кои е можно да го содржат hCG хормонот (како Pregnyl, Pergonal, Humegon, Profast, A.P.L) би можеле да влијаат на точноста на резултатот и да дадат лажен позитивен резултат.
  • Одредени медицински состојби како ектопичната бременост (бременост надвор од матката) или циста на јајниците, може да доведат до покачено ниво на hCG хормонот, со што и добивање на лажен позитивен резултат.
  • Лекувањето на стерилитет, кое се заснова на hCG, може да даде лажен резултат. Во ваков случај треба да се советувате со Вашиот доктор.
  • Изведување на тестот во рамките на 8 недели после породување или абортус може да резултира со лажен позитивен резултат, поради видливоста на hCG хормонот во организмот. Во ваков случај советувајте се со вашиот лекар.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

Иако нивото на hCG во рана нормална бременост кај жени може да варира, со Be safe®hCG тестот за утврдување на рана бременост, бременоста може да се детектира уште после првиот ден од задоцнувањето на менструалниот циклус.

ПРАШАЊА & ОДГОВОРИ

Кога можам да се тестирам ?
Тестот за откривање на рана бременост Be Safe може да се користи уште од првиот ден на доцнење на менструалниот циклус. Тестирањето може да се изведе во било кое време од деноноќието.

Ако постои голема разлика помеѓу контролните црти при изведување на два теста, дали може да претставува проблем?
Не. Варирањето во обоеноста на контролната црта, не влијае врз резултатот од тестот.

Дали може резултатите од тестот да се отчитаат после повеќе од 5 минути?
Не. Резултатите од тестот мора да се отчитаат во рок од 5 минути. Добиениот позитивен резултат може да остане непроменет и неколку дена после тестирањето, но кога ќе се добие негативен резултат постои можност тој да се промени во лажно позитивен за неколку минути после истекот на времето предвидено за отчитување на резултатите, што претставува дефинитивно погрешна интерпретација. Најдобро е резултатите да се прочитаат во период од 5 минути и потоа тестот да се отстрани како отпаден материјал за да се избегнат забуни при евентуално толкување подоцна.

Чуствителност на тестот : 25 mIU/ml

НАПОМЕНА:

Имајте во предвид дека сексуалниот однос не е исто што и зачнување. Зачнувањето може да се случи и 3 дена после сексуалниот однос.
Можете да започнете подобра пренатална грижа со рано откривање на бременоста. Откажувањето од цигари, намалувањето на количеството на конзумиран алкохол и здрав начин на живот со редовен сон и добро балансирана исхрана, се едни од првите чекори кои се препорачани да се превземат за да започнете со вашата пренатална грижа за зголемување на шансите за здрава бременост и здраво бебе.

Новости и активности

ЛЕА МАММА Драги мајки, За почеток на најслаткиот период од Вашиот живот, создадовме природна колекција за... ... повеќе

Lea Herbal Антиакне и Антиспетик Колекција со екстракт од чајно дрво Lea Herbal Антиакне и Антиспетик Колекција со екстракт од чајно дрво Природна нега на... ... повеќе

Информирај се

ФРАНЦУСКИОТ ПАРАДОКС - екстракт од црвено вино Производството, како и употребата на вино во Франција од дамнешни времиња претставуло дел од... ... повеќе

ЦИСТОФИТ - Чистење на организмот на ниво на клетка Човековиот организам е составен од 80% вода. Иако живеме во воздушна средина, сите елементи на... ... повеќе

Карта / Worldwide