ФИТОФАРМ е фармацевтска компанија, во сопственост на м-р Ленче Аџиска, специјалист по фармацевтска технологија.

Во 1989 година ФИТОФАРМ беше основан како прва галенска лабораторија во Македонија.

Во својот 20 годишен развој изградивме широк  асортиман на фармацевтски прозводи: лекови, хербални производи, медицински помагала и козметичка колекција ЛЕА која како бренд е високо котирана на Македонскиот пазар и во странство.
Следејќи ги светските стандарди ФИТОФАРМ изгради нова фабрика со GMP норми во кој а се конструирани неколку технолошки линии за производство на : таблети, капсули, масти, креми, вагитории, супозитории и сирупи.

Исто така ФИТОФАРМ има и сопствена лабораторија за контрола на квалитет направена според GLP стандарди.

Менаџерскиот тим на Фитофарм континуирано соработува со  меѓународни институции и експерти во правец на развој на нови производи.

Освен на македонскиот пазар ги извезуваме своите производи и во Албанија, Косово, Црна Гора, Азербејџан, Турција, Србија, а во Бугарија имаме свое претставништво.

За соработка со други фирми ФИТОФАРМ е заинтересиран и за договорно производство.